Конфабулациите се амалгам од дисторзирани и измислени сеќавања кои технички и не можат да се сметаат за лаги бидејќи луѓето кои ги имаат ги доживуваат како вистини.
Особено јасен клинички случај на вакви луѓе се оние кои страдаат од синдромот Корсакоф. Честопати се јавува како последица од долга неpraвилна исхрана или повеќегодишно алкохоличарење па се претпоставува дека во прашање е и хроничен недостаток од витаминот Б1.
Измислените приказни обично се однесуваат на понови случувања и знаат да бидaт многу уверливи и да звучат разумно.
Кога хоспитализирани пациенти со ваков синдром биваат прашани што правеле утрото, обично знаат доста детално да опишат дека биле на долг бизнис состанок или дека биле во кино. Ако се соочат со фактот дека со недели се во болница, обично велат дека дошло до некое недоразбирање и веднаш менуваат тема. Со нив било експериментирано и вака: им била раскажана приказна и ги замолиле да ја запамтат. По некое време, дел од нив компллетно ја имале заборавено но оние кои ја памтеле, ја раскажувале со купи конкретни детали кои ги немало во оригиналот.
Психолозите велат дека секој од нас во извесна мерка има способност да ги фабрикува или фотошопира своите мемории.