- Ова нешто што се случи со Македонија во последните седум години никој не знае како да го нарече. Деспотизам? Мек државен удар? Хибриден режим? Политички абсурд? Се обидувам да најдам зборови за седумгодишното владеење на Заев и неговите „држалотворни“. И, само еден збор има моќ да го опише овој срамен период на нашата историја. Предавство.
- Со неморални средства не може да постигнеш морална цел, како што замислуваа Заев и Димитров.
- Време е да почнеме да размислуваме за наплата, зашто во контекст на овие политичари нема морален конфликт и дилема што казната ги создава кога треба да се оправда казнувањето на оние што згрешиле за да постапат правилно – зашто во нивниот случај постапиле срамно и неетички. Без ваква наплата нема да го прочистиме општеството од злото што му го нанесоа и ќе продолжиме да живееме во морално загадена Македонија од нивните политички акции. Во такво општество јас не сакам и не можам да живеам. А, вие?
- Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
- Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
- Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
- Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
- По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
- Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.
- Министер за здравство треба да води сметка како во неговиот ресор се трошат парите собрани од даночните обврзници.
- МИЛИЈАРДА евра се трошат во неговиот ресор.
- Ама не, актуелниот министер за здравство решил да пресмета колку пари за цигари дава просечен пушач па дошол до цифра од 600 евра годишно. Тоа било многу.
- Kолку годишно даваме за мортадела, со она белото кое е штетно за кардиоваскуларниот систем? Многу, малку?