11 милијарди долари или смрт

Виетнамската могулка Труонг Мај Лан, осудена за измама од 12,3 милијарди долари, доби можност да куртули од смртната казна која и беше пресудена, само треба да плати 11 милијарди долари.

Предлогот е од виетнамското обвинителство кое и ја дало оваа можност на Лан, откако во април беше осудена на смрт за проневера на пари, поткуп на владини функционери и прекршување на банкарски правила.

Адвокатите на Лан тврдат дека успеале да најдат инвеститори од странство кои се подготвени да и позајмат 400 милиони долари. Наводно тимот работи на уште вакви зделки.

Виетнамските закони предвидуваат можност за враќање на три-четвртини од проневерените пари, а за возврат порота да разгледа намалување на казната.

На сосема друго судење кое заврши во октомври, Лан е прогласена за виновна за нелегален транспорт на 4,5 милијарди долари преку меѓународни граници, перење 17,5 милијарди долари и проневера на 1,2 милијарди од инвеститори.

27 ноември 2024 - 13:20