Русите напредуваат со рекордно темпо од почетокот на воjната

И руски и западни официјални лица проценуваат дека војната влезе во најопасната фаза досега, откако руските сили постигнаа некои од нивните најголеми територијални придобивки а САД му дозволија на Киев да возврати со американски ракети длабоко на руска територија. Резултатите засега ги имаат Русите.

Фото: ЕПА

„Русија постави нови неделни и месечни рекорди во големината на окупираната територија во Украина“, објави независната руска новинска агенција Агентство.

За само една седмица, руската војска зазела 235 квадратни километри во Украина, што е неделен рекорд за цела 2024 година, а во ноември освоила вкупно 600 квадратни километри.

Русија започна побрзо напредување во источна Украина во јули, токму кога украинските сили зазедоа дел од нејзиниот западен регион Курск. Оттогаш, рускиот напредок постојано забрзува, покажуваат воените  карти.

Само во еден ден, се биеле 45 битки со различен интензитет на линијата на фронтот кај градот Куракове, јавија украинските воени извори.

Се наведува дека во моментов, руските сили се многу блиску или веќе влегуваат во градот кој е отскочна даска за заземање на центарот на областа Покровск која е важна логистичка точка.

26 ноември 2024 - 11:47