Во групата мигранти, најголем дел отпаѓа на турската заедница која претставува 13% од сите жители на градот. Инаку 61% од сите мигранти во Франкфурт се од земји на ЕУ.
Една друга поделба во градот покажува дека 49% од не-Германците живеат под линијата за сиромаштија, споредено со само 23% од домородното население.
Од Германците 83% од мажите се вработени, како и 78% од жените.
Минатата година беше објавено дека се очекува Франкфурт да го изгуби германското мнозинство, како и Аусбург и Штутгард. Ова што го снајде Франкфурт веќе се случи во Амстердам, Брисел, Женева и Лондон.
Критиката е дека тоа е резултат на политички одлуки и агенди, кои предвидуваат неизбежна интеграција на милионите мигранти во новите општество, што во пракса не се случува.