Американска армија, минус транссексуалци

Уште на првиот ден од мандатот Доналд Трамп би можел да потпише извршна наредба со која ќе ги избрка сите транссексуалци (некои си над 15.000 лица) од редовите на американската војска.

Транссексуалците ќе бидат отпуштени по медицинска основа, во која ќе се утврди дека тие не се способни за служење војска. Освен отпуштањето ќе се забрани секое идно приклучување кон армијата за транссексуалци.

Во првиот мандат Трамп забрани транссексуалци да стануваат дел од вооружените сили на САД, меѓутоа им дозволи на оние кои веќе служеа да ја задржат својата позиција. Бајден ја поништи оваа одлука.

САД имаат околу 1,3 милиони активни војници.

Идниот министер за одбрана на САД, Пит Хегсет, во својата последна книга порача „дека следниот врховен командант на САД ќе треба да направи чистка“. Хегсет исто така е на став дека медицинската грижа за трансродовите војници „е екстраваганза што Пентагон не може да си ја дозоли.“

27 ноември 2024 - 13:03