На натпреварот биле пријавени 203 пекари, од кои 52-ца од старт биле дисквалификувани затоа што ги прекршиле критериумите, според кој багетот смее да е долг меѓу 55 - 70 сантиметри и тешки меѓу 250 и 300 грама.
Секој од багетите се регистрира и околу него се става анонимно бело ливче на кое стои само бројче, без името на пекарницата или мајсторот. Откако ќе го мине мерењето, багет оди на мирисање и проба кај дегустаторите.
Победник на натпреварот е пекарот Рида Кадер од Au Paradis du Gourmand, кој ќе ја има привилегијата да му пече леб на францускиот претседател.