"За секој што не работи како инвестициски банкар, ова се екстремно скапи влезници," изјавил Гери Вонџиовани, уредник на Полстар, магазин на концертната индустрија.
Откако видоа дека ја утнаа работата со цените, уште на една недела пред концертот организаторот почна со снижување на влезниците, и со пуштање на повеќе евтини карти.
Турнејата низ Северна Америка, ќе мине низ 9 градови (8 во САД, 1 во Канада) а до сега не е закажан термин за Њујорк.
Последната голема турнеја на Стонси траеше од 2005-та до 2007-ма и имаше вкупни приходи од 558 милиони долари. За споредба, U2 од нивната последна турнеја од 2009-та до 2011-та, заработија 736 милиони долари.