На почетокот од годината се појави веста за кражбата на 2.722 тони јаворов сируп (околу 16.000 буриња), во меѓувреме имаше кражба пилешки крилца во вредност од 65.000 долари (околу 12 тони), а потоа следуваше и грабеж на 100.000 долари во плескавици.
Според FreightWatch International храната е најкрадениот тип на товар (бродски, камионски, авионски) во 2010-та, 2011-та и 2012-та. 19% од сите кражби на товар во 2012-та, биле храна, повеќе од електроника (18%), метал (9%) и облека (8%).
Дон Хсиех, директорот за комерцијален и индустриски маркетинг на Tyco Integrated Security, објаснува дека иако кражбите на електроника обично се поголеми, кога ќе се стигне до црниот пазар, храната вреди повеќе: "За храна добиваш 70 центи за долар (од вредноста), споредено со 30 центи за електроника."
"Иако типичната продажна вредност на кражбите на храна се околу 100.000 долари по инцидент, споредено со речиси 1 милион долари од кражбите на електроника, разликата во вредноста им се намалува кога ќе стигнат на црниот пазар. Исто така, најголемиот дела од пратките со храна имаат помалку обезбедување, што значи и помалку ризик да бидат фатени."
Сето ова е поттикнато и од се поголемите цени на храната. Па така со поскапувањето во последните години, бројот на кражби на товари со месо пораснал од 1,75 месечно во 2010-та, на 4 кражби месечно во 2011-та.