Колку помалку букви во името, толку повеќе цифри во платата

Американците пресметале дека секоја дополнителна буква во името, ја намалува годишната плата на човекот за 3.600 долари.

Сајтот за вработување TheLadders направил споредба на 24 парови на имиња - како Стив и Стивен или Бил и Вилијам, и заклучил дека пократките имиња секогаш носеле повисока плата (освен во случајот со Лери и Лоренс).

Во истражувањето биле анализирани податоците од 6 милиони членови од кои 3,4% биле ЦЕО или некои слични позиции на "Ц ниво."

Осум од првите 10 имиња меѓу мажите кои биле вработени на ниво на директор на нешто, имале 5 или помалку букви. Оваа група заработувала и 10% повеќе отколку другите на слични позиции но со поголеми имиња. Најпопуларни имиња во оваа група биле: Боб, Лоренс и Бил.

И во истражувањето на ЛинкдИн од 2011-та, американските директори најчесто имале кратки имиња како Питер, Џек и Тони. Меѓутоа во исто време, во Европа токму долгите имиња како Волфган, Ксавиер или Чарлс (Charles) биле меѓу најчестите имиња на директори.

7 мај 2013 - 14:43