Како ЦИА го стокми Zero Dark Thirty

Без разлика како мислите дека ЦИА изгледа во Zero Dark Thirty, впечатокот веројатно би бил далеку полош ако агенцијата директно не се вмешала во правењето на филмот.

Новите документи, кои Гавкер ги извади со помош на законот за слобода на информациите, покажуваат дека агенцијата најдиректно влијаела врз сценаристот Марк Боал, да избрише одредени сцени од филмот.

На списокот што го добива Гавкер, има меморандум (првично класификуван како "Тајно"), во кој се наведуваат 5-те конференциски разговори меѓу Боал и одделот за односи со јавноста на ЦИА во 2011. (.пдф)

За време на овие разговори Боал, им го читал сценариото на луѓето од ЦИА за да го добие нивното мислење, кои пак според белешките барале одредени сцени од филмот да се отстранат.

Еден од најспорните моменти меѓу двете страни е почетната сцена во која агентката на ЦИА го гледа измачувањето на заробеникот во еден од тајните затвори на агенцијата. Во првичната верзија таа директно учествува во неговото мачење. Во консултацијата од ЦИА му објасниле дека тоа не е ситуација која би се случила во реалниот живот.

Во сценариото исто така имало и сцена во која затворениците биле застрашувани со кучиња. По реакцијата на ЦИА (дека агенцијата не користи вакви тактики), и таа е отстранета.

Освен сцените со тортура, ЦИА влијаела и на други делови од филмот.

"Една од сцените на која имаа забелешки се однесуваше на забава на кров во Исламабад, каде офицер по консумирање на алкохол, во знак на прослава почнал да пука во воздух од автомат АК47. Инсистиравме дека мешањето на алкохол и огнено оружје претставува сериозен прекршок и дека таквите работи не се случуваат во вистинскиот живот. Баравме оваа сцена да биде отстранета од филмот. Боал ни потврди дека ја отстранил," стои во документите.

 

8 мај 2013 - 20:22