Нова формула за кучешката старост

Обично се смета дека староста на кучето се пресметува со обично множење на годините кои ги има со 7. Но, вистинската равенка била многу посложена.

Генералното правило е дека малите кучиња живеат подолго од големите. Од друга страна, на големите им треба повеќе време да ја достигнат својата полна големина но откако тоа ќе го постигнат, им останува помалку живот.

Парадоксот звучи вака: на двегодишна возраст, мало куче е постаро од двегодишно големо куче, но затоа на 5 години, малото е помладо од големото.

Истражувачите велат дека средниот булдог има најмал животен век од просечни 6 години додека најдолговечните се малите пудли кои живеат меѓу 12 и 15 години. Разликите межу животниот век се должат и на тоа што ракот многу повеќе ги напаѓа големите кучиња.

Возраста на малите кучиња во првите две години од животот е 12,5 години, за средни 10,5 а за големи 9 човечки години.

По три години, возраста зависи од расата: година на булдог се множи со 13,4, на германски овчар со 7,84 а со 4,32 за овие.

 

11 мај 2013 - 12:02