Од трилер филмовите со фатални шпионки па до примери од секојдневниот живот, јасно е дека машката заслепеност од женската убавина знае да го натера човек да биде неразумен и на атрактивните жени да им верува повеќе отколку што треба.
Јапонци решиле да проверат како овој ефект се однесува под дејство на антибиотици. Одбран бил миноциклинот, антибиотик за кој се знае дека има "отрезнувачки" ефекти и се користи за стабилизирање на еуфоријата кај оние под дејство на амфетамини.
На 98 здрави мажи на возраст межу 20 и 30 години им бил даден или миноциклин или плацебо по што требало да играат коцкарска игра на доверба со женски партнери.
Оние на плацебо биле многу великодушни кон партнерката доколку таа била физички атрактивна. Оние со антибиотик во себе биле далеку поразумни и играта ја воделе трезвено, без разлика на атрактивноста и заводливоста на партнерката.
Штета што овој антибиотик има и незгодни нуспојави меѓу кои е и диарејата.