Проблемот со загадувањето на воздухот е некаде во врвот на здравствените маки карактеристични за урбаните средини, некаде на исто рамниште со растот на дебелината и последователниот раст на дијабетесот.
Едно ново истражување објавено во журналот Diabetologia покажува дека децата кои растат во области со големо загадување на воздухот од сообраќај, имале поголема отпорност на инсулин, еден од предзнаците на дијабетесот.
Истражувањето е правено во Германија, каде се анализирани 400 деца од Минхен на 10-годишна возраст. Излегло дека за секои 500 метри што детето живеело поблизу до некој голем фреквентен и голем пат, отпорот на инсулин растел за 7%.