- Толеранција според специфична ситуација. Идејата е дека контекстот во кој го пиеме пивото (или виното, вискито, коктелот) помага во одредувањето на ефектите од него. Објаснувањето е дека телото се подготвува за физиолошката реакција предизвикана од позната супстанца кога мислиме дека реакцијата е неизбежна.
Конкретен пример за ова се наведува паниката околу "Four Loko," енергетскиот пијалак кој беше комбинација на алкохол и кофеин, и кој предизвика бран на хоспитализации. Според оваа теорија, вистинската опасност на Four Loko не е во мешањето алкохол и кофеин, туку во тоа што алкохолот се наоѓа надвор од вообичаениот контекст - измешан со вкусови налик на бонбони, во висока и светло обоена лименка која прави тој да изгледа како газиран пијалак.
- Мешање на алкохол со газирани пијалаци. Во сосема друга студија беше откриено дека диеталната пијалаци во комбинација со алкохол предизвикува повисока концентрација на алкохол во крвта отколку мешањето со регуларните газирани сокови.
- Формата на чашата. Луѓето пијат 60% побавно ако пијалакот е во права чаша, наместо во заоблена.
- Околината. Во истражување објавено во Journal of Studies on Alcohol, иста количина алкохол имала многу поголемо влијание на способностите на испитаниците кои пиеле во канцеларија, отколку на оние кои пиеле во бар.