- Изборната комисија на Молдавија вчера им забрани на две проруски партии да учествуваат на парламентарните избори утре.
- Партиите Срце на Молдавија и Молдавија Маре, се исклучени поради наводно нелегално финансирање, поткуп на гласачи и непријавени странски средства. Двете партии водеа кампања за поблиски врски со Москва.
- Сите кандидати предложени од Срцето на Молдавија ќе бидат отстранети од листата на Патриотскиот изборен блок (БЕП), кој е еден од главните предизвикувачи на владејачката партија Акција и солидарност (ПАС). На блокот му се дадени 24 часа да ја прилагоди својата листа на кандидати.
- Молдавија Маре е забранета поради „купување гласови, скриено финансирање од странство и вмешаност во камуфлиран изборен блок со забранета партија“.
- Гласањето во недела се смета за клучно за Молдавија, поранешна советска република која стана кандидат за членство во Европската Унија во 2022 година. Од 2021 година, ПАС на претседателката Маја Санду има силно парламентарно мнозинство, но аналитичарите предупредуваат дека би можела да ја изгуби таа позиција од опозициските блокови што се сметаат за проруски.
- Сака да ѝ стави ново име на вештачката интелигенција.
- „Многу луѓе мислат дека зборовите „Вештачка интелигенција“ се неточни и многу нејасни во однос на ВИ односно вештачката интелигенција“, напиша Трамп.
- Понуди гласање за три негови предлози: Супериорна интелигенција, Екстремна интелигенција или Врховна интелигенција.
- Во моментов води Супериорна.
- Еден му има пишано: „Нè заболе бе за ова, прекини ги војните и врати го бензиот на два долара за галон“.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.