Панел експерти ангажирани од американскиот Institute of Medicine and Centers for Disease Control and Prevention заклучи дека за огромниот број Американци, не постојат вистински причини за сериозна рестрикција на внесената сол. Истовремено, утврдено е дека моменталните препорачани дози во националните упатства за исхрана се непотребно ниски.
Спроведеното истражување го доведува во сомневање самото постоење на какви било здравствени придобивки од значајно намалување на присуството на сол во исхраната.
И натаму на Американците им се препорачува да не претеруваат со солта меѓутоа јасно е дадено на знаење дека не постојат никакви докази дека намалувањето или целосното исфрлање на солта од исхраната е добро за човекот.
Просечниот Американец дневно конзумира 3,400 мг натриум, што е еквивалентно на кафена лажичка и пол сол, а препорачаниот износ е 2,300 мг дневно.
Американската асоцијација на доктори за срцеви заболувања ги отфрли перпораките на панелот и порача дека ќе се држи до тековните решенија.