Професор и научник од Њујорк во својата нова книга тврди дека солта е здрава и дека луѓето треба да јадат повеќе сол. Речиси сите останати негови колеги инстантно се избезумија.
Група научници што нашле службена причина да дремат на Инстаграм и за тоа да бидат платени, успеале да создадат алгоритам кој на сликите на Инстаграм препознава неколку клучни знаци преку кои е поефикасен во откривање депресија отколку докторите.
Човекот што е олицетворение на италијански хедонистички животен стил (наспроти на пример Балзериан, кој ја претставува американската школа на вакво трошење пари), остана без јахта и неколку имоти кои беа запленети од банките во кои Ваки е задолжен.
Додека нам со децении едиствена желба ни е да ги поднаполниме „туристичките капацитети кои навреме се подготвени за новата сезона“, Европа веќе ја зафаќа спротивен, анти-туристички бран. Гледате охриѓани колку се визионери?
Патиките се битен детал од идентификацијата на членовите на бандите на американскиот континент. Њујоршката полиција реши и самата да обрне внимание на тој детал па неодамна изведе рација во која уапси стотина млади лица кои носеле конкретен модел на Најк.
Во биографијата Елон Маск: Тесла, Спејсикс и потрагата по фантастична иднина, авторката Ешли Ванс пишува за ситуацијата кога личната асистентка на Маск, Мери Бет Браун, побарала големо покачување на платата по 12 години работа за него.
Тројца судии за парнични постапки, четворица адвокати, двајца пожарникари и сведок експерт. Сите во судница за да решат гордиев проблем како светлото од сијалицата на комшијата да не влегува во собата во која спијат децата. Хмм, а да се купеа ролетни?
Околу 2.000 патници кои уплатиле неколку месечно патување со брод, цели 10 дена минале во комплетен мрак и вежбање ситуации на опасност поради можноста да бидат забележани од пиратите. „Можеби тоа беше малку поинакво возбудување, но сепак беше возбудливо“, заклучи капетанот кој го наметнал вонредниот режим.
Откако сојузната држава Вашингтон одлучува законски да ја зголеми минимална плата на 15 долари на час (од претходните 9,47), просечниот ниско платен работник е во минус по 125 долари месечно или околу 100 милиони долари помала заработувачка колективно.
Го знаете она, какво време дојде, кога ќе видиш човек на улица кој зборува сам со себе, не знаеш дали е полуден или само има хендсфри на мобилниот. Но, и првото било добро, велат психолозите. Ама, има некои правила.
Џејмс Дамор, инженерот на Гугл што го напиша 10-страни долгиот меморандум во кој удри по политиките за диверзитет на компанијата, е отпуштен заради "продолжување на родови стереотипи".
„Оваа коса не оди никаде“, му рекол гитаристот на Стоунси на својот доктор кој му предложил хемотерапија за третман на откриениот рак на белите дробови. Ете како и вонсериски грдите луѓе можат господски да држат до себе.
Во едно од најзабележливите видеа по пожарот во Гренфел кулата во Лондон, активистот Ишмаил Благров го "распарчува" репортерот на Скај испратен да пренесува за еден од најкатастрофалните пожари во Лондон. Благров, оправдано преплавен од гнев му порачува "нек се ебат медиумите, нек се ебе меинстрим", за момент насочувајќи го целиот бес "не кон виновниците за пожарот, туку кон оние што пренесуваат за него".
Анонимен инженер на Гугл напиша тирада од 10 страни против разноликост / диверзитет на работното место. Пред да се продолжи со муабетот од Гугл сакаат да знаете дека вработените на компанијата масовно го осудуваат тоа што тој го напишал. Токму ова “масовно” е и една од главните причини зошто човекот го напишал текстот.
Претседателот и сопственик на Атлантик медиа, Дејвид Бредли објави дека мнозинскиот удел во компанијата го продава на Емерсон колектив, организација основана и раководена од филантропот и инвеститор Лорен Пауел Џобс.
И пред да почне да се зборува за "лажни вести", новинските медиуми во САД беа прилично јасно поделени по својата припадност и наклонетост кон идеологија. Излезе дека тоа им е сосема очигледно на Американците.
Имало и бетер маало за живеење од Капиштец, неговите прашини од со месеци раскопаната улица (мислиш Кинески ѕид прават), живата музика од Интермецо и пајаците кои дигаат прописно паркирани коли пошто секоја ебена странска делегација ја носат во Воденица. Тоа бетер маало е маалото на Џејк Пол во Беверли Хилс. Кој е Џејк Пол? Игзектли.
Имаш град со 7,4 милиони луѓе (4-ти на свет по густина на население), многу ограничена територија, околу 225 хектари вкупна површина на сите депонии и реколта од 15.000 тони отпад на ден. Во ваква равенка, резултатот е – веќе нема место на депонии.
Со оглед на тоа што постојат толку многу диети кои меѓу себе се контрадикторни по „филозофијата“ и нутриционистичките правила па сепак за секоја ќе најдете некој што се колне во неа, една храбра теорија вели дека е можно сето тоа е едно обично плацебо. Дека луѓето можат да слабеат ако се уверени дека прават нешто што ги слабее.
Падна уште една неприкосновена медицинска лекција од нашето растење, дека и да ти е подобро, не смееш да ги прекинуваш антибиотиците кои ги пиеш, оти ќе си направиш бетер. Еден ден ладно ќе ни кажат дека ракови сме добивале од тоа лимоните.
Од луѓе што стварно учеле на факултет, па после цел живот го посветиле на уште учење и наука, доаѓа информацијата дека дувањето свеќи ги зголемува бактериите на роденденската торта за 1.400 проценти. Како луѓе што цел живот јаделе и активно јадат роденденски торти, со репете, ви кажуваме дека уште сме живи и не планираме да скршнеме од патот.