Албумот „Hello World“ со 15 песни е првиот музички производ на AI, произлезен од Сониевата научна лабораторија во Париз, во соработка со неколку звучни имиња од француската и белгиската музичка сцена.
Приказната е слична како и останатите: софтверот кој сам учи е способен да произведува комплексни резултати и да дава одлуки, препораки и предвидувања базирани на патерните кои ги открива во огромниот сет податоци со кои е нахранет.
Во случајов, му биле дадени 13.000 песни кои биле искористени да си направи модели по кои се нотите и акордите се менуваат согласно различните музички стилови. Овие статистички модели потоа се користат за генерирање нови меолидии и хармонски секвенци во одбраниот стил.
Велат дека идејата не е музичарите да се исфрлат туку само да им се помогне при компонирањето да откријат свежи идеи, хармонии и мелодиски структури кои веројатно би им останале надвор од радарот.
Еве како тоа звучи. Песна изработена од вештачка интелигенција, на која ѝ е дадена команда да склопи нешто инспирирано од Битлси:
Се разбира, во овој стадиум (ма, во никој стадиум) AI нема никакви шанси со човечката конкуренција. Кога на човек, музичар и генијалец ќе му кажеш да склопи нешто инспирирано од Пинк Флојд, го добивате - ОВА.