Нови Ѕвездени војни од луѓето што ја создадоа Игра на тронови

Дејвид Беноф и Д.Б. Вајс кои беа одговорни за создавање на телевизиската верзија од Игра на тронови, ќе пишуваат и продуцираат серија нови филмови за Ѕвездени војни.

Филмовите на дуото ќе бидат одделни и од новата сага за Скајвокер и од трилогијата што во моментов ја развива Рајан Џонсон, сценаристот и режисер на Последниот џедај.

Во врска со соработката, претседателката на Лукасфилм, Кетлин Кенеди изјавува дека Беноф и Вајс се едни од „најдобрите раскажувачи на денешницата“ посебно фалејќи го нивниот успех „да водат комплексни ликови, длабоки приказни и богата митологија кои ќе откријат нови пространства.“

Во изјавата од двајцата продуценти се открива дека работата на нивните Ѕвездени војни ќе започне „веднаш штом се комплетира финалната сезона од Игра на тронови.“

 

7 февруари 2018 - 11:40