Живот и забава

Ако сакаш да упропастиш град, направи бесплатни паркинзи

Новото седиште на Епл ќе има канцелариски простор од 318.000 метри квадратни, и паркинг простор од 325.000 метри квадратни на кој треба да собере 11.000 паркинг места за неговите 14.000 вработени. И Епл не го прави ова затоа што има некоја новоосознаена пасија кон паркинзите, туку затоа што толку паркинг места следуваат за таа квадратура според локалните закони на Купертино.

Шведска отвора музеј на утките

Во јуни во Шведска ќе биде отворен музеј посветен на неуспесите. Зад него стои човек кој е фасциниран од апсурдноста и урнебесната погрешност во која влегле компании сакајќи да го развиваат својот бизнис. „Успехот е досаден“, порачува тој. И стварно.

Шведска отвора музеј на утките

Во јуни во Шведска ќе биде отворен музеј посветен на неуспесите. Зад него стои човек кој е фасциниран од апсурдноста и урнебесната погрешност во која влегле компании сакајќи да го развиваат својот бизнис. „Успехот е досаден“, порачува тој. И стварно.

Од шербет до душман

На шеќерот му требаа неполни две децении да стигне од "оди касни нешто благо ќе ти даде енергија", до "создава зависност како кокаин".

Новиот басист на Корн има 12 години

Реџиналд „Филди“ Арвизу, стандардниот басист на легендарната група не можел да стигне на закажаната јужнамериканска турнеја. За среќа, нашле замена. А и некој во Металика ќе знае дека син му е на прав пат.

Што потрефија Германците околу продуктивноста

Текстот е напишан за американска публика, и на неа и порачува дека ОК е што толку се запнати да работат без усул, ама треба малку и да одморат и да се посветат на себе. За тукашната публика пораката од текстот оди во спротивен правец - тоа што Германците се кршат од работа не значи дека не знаат да одморат.

Потполната бескорисност на интервјуата за работа

Работодавците обично сакаат да имаат лабави (неструктурирани) интервјуа за подобро да го запознаат кандидатот. Меѓутоа обично крајниот исход е формирање силна ама неоправдана импресија за кандидатот, "што најчесто повеќе зборува за нивниот карактер отколку на кандидатот".

Брокулата те моли, не јади ја, боли

Лоша вест за совеста на вегетаријанците: живите растенијата може да „слушнат“ како некој ги јаде и во такви случаи пуштаат хемикалии за да го одвратат предаторот од намерата. Тоа е.

Требаа само 60 Томахавк ракети за медиумите да се заљубат во Трамп

Фарид Закарија на Сиенен гордо порача "синоќа Доналд Трамп стана претседател на САД", Њујорк тајмс напиша дека Трамп во нападот се водел од срцето, а Вол Стрит му порача "а сега засекогаш уништи го режимот на Асад".

Македонците (уште само) здравјето ги служи

На глобалниот индекс на здравјето, од 166 земји Македонците го држат 44 место. Не е тоа сјајна позиција но е подобра од рангирањето на повеќето македонски репрезентации.  

Проблемот со гадливоста на пребеганите спонзори на Бил О'Рајли

Очекувано Фокс њуз го продолжи 18 милиони долари годишно вредниот договор на Бил О'Рајли. Неочекувано, минатиот викенд Њујорк тајмс објави дека О'Рајли и Фокс во текот на неколку години им исплатиле 13 милиони долари на 5 жени, во замена за нивно откажување од тужбите против него за сексуално малтретирање. Очекувано некои од најголемите спонзори на О'Рајли решија да ги прекинат своите договори со шоуто.

И човекојадците се хранат погрешно

Студија на оваа тема обелоденува дека во споредба со другите животни, човечкото месо има слаба нутритивна вредност и дека тој што решил да јаде луѓе, везден ќе ака гладен.

Се бараат легачи, хонорар - 16.000 евра

Има анегдота за една позната скопска мрза, кога татко му дошол дома, го видел овој стандардно оптегнат на кауч и му рекол: - Станувај, сум нашол работа баш ко за тебе. - Што? - прашал нашиов. - Умрел питонот во Зоолошка, па да лежиш наместо него. Е, ова уште боље.

Два аргумента против јадење риба

Како биолог, знам што може да се случи со морската храна пред да заврши во нашата чинија, и затоа ја нема во мојата, пишува биологот за риби од Мекгил универзитетот, Лора Мекдонел.

Контактни леќи за шеќераши

Солзите во себе носат толку корисни информации за состојбата на вашето здравје што е греоат да ги трошите на глупости. Во иднина преку леќи ќе може да се следи шеќерот во крвта, додека некој не ве хакне па да ви го загорчи животот.

Дали те убиваат мастите или шеќерот?

Некаде во текот на 1960-те холестеролот во сите негови можни појави и извори, беше прогласен за душманот на човековото здравје, со посебен нагласок на вечно прождерливите мажи. Тоа е периодот и кога почнува да се зачестува муабетот за ниво на холестерол и срцеви заболувања кај луѓето.

Гестапо за пици

Американските пицерии ќе мора да стават знаци со нуртиционистичкиот состав на секоја варијација на своите производи. Да е кебапчилница би било лесно. Едно кебапче толку и толку, сè друго се множи со 10 (оние кои не нарачуваат округли бројки кебапи се психопати). Овде проблем е што пицата може да има околу 34 милиони комбинации.  

Што треба да направи Бил О' Рајли за да добие отказ?

Од расизам и ксенофобија па до сексуално предаторство кон колешки, Бил О' Рајли ги прекрши сите можни медиумски и цивилни правила. А на другата страна на вагата има само една ставка - човекот му прави многу пари на Фокс. 

Здравје со одложен оргазам

Заради нивната достапност и човечката мрза, оние машини со грицки и чоколатца се сметаат за едни од најголемите виновници на американската дебелаана. Сега пробуваат да ги превоспитаат на еден многу чуден начин.

Порнхаб ги извади посетителите од памет

Ќе пишевме дека ги извадил од гаќи, ама ни текна дека добар дел од посетителите на најпопуларната порно платформа и онака се веќе извадени од гаќи.

Веројатно премногу често се тушираш

Науката се согласува со вашиот колега со кој никој не сака да се вози во лифт: само полошо правиш кога често се тушираш.

Минус кој можеме да си го дозволиме

Редовната физичка активност го продолжува животот за три години и ја забавува појавата на кардиоваскуларн болести, потсетуваат две здравствени студии.

Москва ќе ги руши „руските“ згради

Ги викаат Хрушчковки и се исти со оние какви има во Скопје, изградени после земјотресот, со бетонски блокови кои го пропуштаат звукот на хрчењето на комшијата ама не и шајчето кое пробуваш да го заковаш на нив. Градските власти процениле дека таквите згради го одживеале своето. А сега, пазете цифра - ќе се уриваат 7.900 згради.

Да ви стигне писмо адресирано до Путин, би го отвориле?

Пер не го отворил. Така се вика човекот од еден норвешки град кој добил писмо адресирано до рускиот претседател. А уште го копка.