Оригиналната математика е од британска студија, каде работите се нешто подобри, па наместо 4,5 часа колку што им требаше на директорите на топ 100 компании да го заработат македонскиот просек, за достигнување на британскиот им требаат неполни три денови. Или ако почнале во вторник со работа лимитот ќе го достигнат до четврток на пладне (со регуларно работно време).
Британскиот просек за полно работно време изнесува 32.357 евра годишно, додека просечната плата на првите луѓе на топ 100-те компании на британската берза е 3,88 милиони евра годишно, разлика од околу 120 пати. Ако споредбата се направи меѓу топ 100 и луѓето што се на минималец, разликата во плата е 256 пати.
„Дали некој стварно мисли дека овие богаташи заслужуваат 100 пати поголема плата отколку вредните луѓе што ги изградија нивните бизнис империи?
Работниците кои мораат да кратат и штедат за да ги нахранат своите семејства и за да имаат кров над глава - како најголемиот дел од британската работна популација сега ќе бидат погодени од немаштија по празничниот период?“ објаснува генералниот секретар на ГМБ синдикатот, Тим Роач.
Инаку, меѓу овие директорите од топ 100 компаниите најмногу е платен првиот човек на маркетинг компанијата ВПП, Мартин Сорел, чија плата во 2016 изнесувала 54 милиони евра. Без разлика како ви изгледа оваа сума, таа е значително намалување за Сорел кој на истата позиција во истата компанија во 2015 бил платен 78,7 милиони евра.