Целта на планот, според неговите автори, не е само да се обезбеди чист воздух и зеленило за населението, туку и да се покаже како ќе изгледа тамошната природа кога ќе се прекине со индустриското искористување.
Вака романтичното претставување на планот заборава да спомне дека ако се сади нова шума, тоа е затоа што таа и очајно потребна на Британија, „севкупно, британскиот пејзаж содржи еден од најниските проценти на шума во Европа, само 13%.“ Најгусто пошумена е Финска со 73%.
Во рамки на островот ситуацијата е најлоша во Англија каде пошуменоста изнесува само 10%, додека во Велс е 15 а во Шкотска 18%.
Првиот ваков проект во Британија, наречен Национална шума, е започнат пред 28 години, се наоѓа на околу 160 километри јужно од сегашната локација, и се простира на околу над 300 километри. Ревизијата покажува дека и тој не е целосно завршен како што е планирано, меѓутоа и така некомплетиран „резултатите од него се магични“ во однос на изгледот на пејзажот на пределите што ги покрива.
За новиот план, кој ќе покрие некои од главните центри на тешка индустрија во Британија, како Ливерпул, Манчестер, Шефилд, Лидс и Хал, до сега се собрани речиси 6 од потребните 500 милиони фунти.