По сите гачки кажани за и против брегзит, работата стана реалност во март 2017 со почетокот на преговорите меѓу двете страни. Едно од изненадувањата во овој период беа вонредните избори свикани од владејачката партија на кои истата таа партија предводена од Тереза Меј пак победи, ама со многу помало мнозинство.
На страна ситуацијата во која ја ставија целата држава, посебен проблем за таблоидите беше да извадат сензационална вест од процес во кој и двете страни од старт објавија дека главна цел им е да постигнат „доволен напредок“.
Па во потрага по драма, кога конзервативните пратеници размислуваа да гласаат против поставување на краен датум за излегување од ЕУ, Дејли меил објави насловна на која со големи букви беше испишано „НЕМОЈ ДА ГИ ПРЕДАДЕТЕ ВАШИТЕ ГЛАСАЧИ!“ По искреното изненадување дека Тереза Меј го изгуби парламентарното мнозинство, Сан објави „МЕЈХЕМ“ (игра со презимето на премиерката).
По новогодишниот говор, во кој Меј ја повтори својата изјава, „Британија да остане без договор, е подобро отколку Британија да добие лош договор“, Дејли Меил речиси ја прогласи Меј за новата Маргарет Тачер:
Во 12:30 на 29-ти март британската влада испрати рачно испорачано писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое го известува за намерата на Британија да ја напушти Унијата. Од тогаш, овој ден во Британија е наречен Брегзит ден. Дејли телеграф ова го нарече „Прекрасен момент“:
На 9-ти јуни, еден ден по изборите во земјата и неочекувано слабата победа на Тереза Меј, Сан извади две верзии во кои главна улога го имаше презимето на премиерката. На првата беше испишан „МЕЈХЕМ“, а на втората „ТЕРЕЗА ДИСМЕЈ“:
Откако легнаа изборите и новата влада, летото формално започнаа и преговорите меѓу двете страни, во кои главни теми беа „сметката за развод“, границата меѓу Ирска и Северна Ирска, правата ЕУ граѓаните во Британија (и обратно) и слично. За време на сето ова ЕУ ги обвини британските преговарачи дека биле неподготвени, на што Дејли експрес на 1-ви септември испрати директно предупредување до главниот преговарач на ЕУ:
Во октомври холивудскиот скандал со сексуално малтретирање во Британија се претвори во обвиненија на сметка на парламентарци од двете страни, што таблоидот Метро го нарече „Pestminster Crackdown“:
Во ноември скандалот од Парламентот се префрли во владата на Меј, па министерот за одбрана Мајкл Фалон си поднесе оставка заради несоодветен контакт со новинарка од пред 15 години, кога без нејзина дозвола, ја допрел за колено. По него следуваше оставката на Државниот секретар за меѓународен развој, Прити Пател, меѓутоа по основа на стандардно прекршување на кодексот на однесување (имала средби со организации и политичари кои не ги пријавила). Заминувањето на Прити беше проследено со „ It's Priti shambolic“:
Во декември беше објавено дека се затвора првата рудна преговори и дека за сите главни прашања е постигнат договор во последна минута, кој ќе дозволи напредување во втора фаза. Додека десните таблоиди славеа дека се на добар пат, централно-левиот Индепендент не беше толку оптимист околу затворањето на првата фаза:
Паралелно со ова британските парламентарци изгласаа амандман на Законот за повлекување од ЕУ, со кој им се гарантира дека токму парламентарците ќе го имаат последниот збор околу кој било договор што ќе биде постигнат меѓу Лондон и Брисел. Амандманот беше изгласан со разлика од 4 гласа во негова корист, а меѓу гласовите ЗА имаше и 11 од парламентарци од конзервативците на Тереза Меј. Дејли Меил им ја посвети својата насловна на овие 11: