Растот на овој тренд е и едно од објаснувањата што бројот на повлекувања на храна од огромните американски маркети од 2002-ра до денес е зголемен речиси за два пати.
„Работниците и опремата ја пренесуваат бактеријата од фармите, а на неа крајно и е погодена студената и влажна околина на преработувачките капацитети.
Фабриките потоа инфицираат сè што ќе мине низ нив месо, млеко, зеленчук, а тие производи се испорачуваат во продавниците низ целата земја,“ објаснува Анџела Чен во репортажата на Верџ.
Проблемот во оваа тројка производи е што свежата пакувана салата (за разлика од месото и најголемиот дел од млечните производи) нема да ја готвиш на оган, што е еден од начините за сигурно уништување на листерија. Оваа опасност само се зголемува со се поголемата популарност на пакуваните и чистени салати.
Со тоа што земјоделството станува се помасовно и поконцентрирано, самото снабдување на американскиот пазар најчесто се врши од една централна точка, па, во случај таму да избие некаква зараза, таа инстантно се испорачува и шири низ целата земја.
Salad recalls are on the rise — here's why: pic.twitter.com/sNeznOpLuF
— The Verge (@verge) January 20, 2018