Џон МекЛафлин: Она што денес се нарекува џез, не е џез

„Џезот би требало да те одведе во друг свет. Она што денеска го нарекуваат џез, а се слуша додека се пие капучино, не е тоа“, вели гитарскиот махараџа.

Меклафлин свирел класично пијано до своја 12 годишна возраст но штом в раце му дошла првата гитара, исчезнал секој интерес за друг инструмент.

Muddy Waters, Bill Broonzy, Lead Belly, Mississippi Fred McDowell and Robert Johnson.

Американската музика, особено блузот од Мисисипи, имале формативно влијание врз неговото музицирање и во тоа време херои му биле Мади Ботерс, Бил Бунзи, Лид Бели.

Потоа се префрлил на џез но не му било јасно зошто Мајлс Дејвис или Колтрејн во своите бендови немале гитарист.

„Тоа време имаше некои кул џез гитаристи но сите имаа чист, некако „кул“ звук, како оној звук од најлонски жици. Јас сакав интензитет, сакав да тече крв по подот“, вели МекЛафлин во интервју за Гитар Ворлд.

Првиот гитарист чиј звук и интензитет бил во штим со неговата идеја бил Ерик Клептон а признава и дека Хендрикс имал огромно влијание врз него, како и врз сиот останат гитарски свет.

„Ако не се слушнале ништо друго од него, слушнете како ја отсвири химната, бидејќи тоа што Џими направи со неа е чиста уметност. Тоа е апсолутно фасцинантно“, порачува Меклафлин.

Кога слушам што сè денес се нарекува џез, а луѓето обожаваат да зборуваат за тоа, тоа не е џез! Џезот би требало да те катапултира во некој друг свет, во свет на свирачи, со сиот интензитет и страст. Тоа не е оној смут џез или фанки џез кој се слуша во бистро додека се пие капучино. Тоа кај мене не пали“, порачува легендата.

 

6 јануари 2018 - 09:40