„Архитектурата од овој период се движи од облакодери во меѓународен стил до бруталистички ’социјалистички кондензатори’ кои го манифестираат радикалниот плурализам, хибридност и идеализам што можеше да биде најден во југословенската држава.
Изложбата на МоМА ќе истражува теми како урбанизација од огромни размери, технолошки експерименти, консумеризам, споменици и меморијализација, и севкупниот глобален дофат на југословенската архитектура,“ се објаснува во текстот на архитект.ком во кој се најавува изложбата.
Во изложбата ќе биде вклучена и главната пошта во Скопје, дело на архитектот Јанко Константинов.
Самата архитектура која преовладува во Југославија во периодот од крајот на војната до пред распаѓањето на земјата, ја објаснуваат како реакција на југословенските архитекти на „контрадикторните барања и влијанија, развивајќи поствоена архитектура во согласност со и поразлична од дизајнерскиот пристап на остатокот од Европа и пошироко.“
Брутализмот во македонската архитектура беше дел и од документарецот на Би-би-си на оваа тема: