Кој е автор на шуштењето на телевизорот?

Музичар коj на Јутјуб поставил 10 часовно видео со таканаречена „бела бучава“ (научно-техничко објаснување: звукот кога на телевизорот има снег) набргу се соочил со пет различни поплаки за кршење на авторски права.

Себастијан Томчак живее и работи во Австралија а видеото со едноличниот звук на електронскиот сигнал го има направено во 2015 година. 

Откако го поставил на Јутјуб, веднаш бил информиран дека против тоа негово видео има пет поплаки за кршење на авторски права.

Пријавите се од различни страни, една од нив, на пример, е од издавачка куќа која го користела тој звук за терапии за заспивање. Тие конкретно не барале отстранување на видеото на Томчак туку само поделба на приходите кои тој евентуално би ги направил со видеото.

Пријавите за непочитување на авторските права се собрани со помош на автоматизираниот систем на Јутјуб за идентификација на аудио фајловите кои се поставуваат на платформата.

Тој систем е толку педантно досаден што во 2012 година имаше поплака за видео во чија позадина се слуша црцорење на птици, звук кој некој друг веќе го пријавил како авторски.

„Копирајтот не ја штити идејата туку изразувањето на идејата. Ако јас дома имам генератор кој создава бучава и го снимам тој звук, јас сум автор на таа бучава и полагам права на интелектуална сопственост врз неа“, ги објаснува перверзиите на модерниот копирајт познавач на оваа област.

Нек иде живот:


 

6 јануари 2018 - 00:00