Живот и забава

Научници дигнаа глас против статистичката значајност

Тројца научници напишаа а 800 потпишаа манифест со кој се бара науката да прeстане да користи едeн од најзлоупотребуваните критериуми во научните истражувања: статистичката (без)значајност.

Мажи на нервна база почнаа да се боцкаат со ботокс

Судирот меѓу внатрешната опуштеност и релаксираност како човек, и надворешната намќорестост пред колеги и општо во работна средина, се повеќе мажи почнале да го решаваат со ботокс.

Се пензионираше Конор Мекгрегор

30-годишниот поранешен УФЦ шампион на социјалните медиуми објави дека се пензионира од „спортот порано познат како ’мешани боречки вештини’.

Индија каде стигне ја забранува ПУБГ од страв дека создава психопати

ПУБГ е ултра популарна видео игра низ свет (во основа е Фортнајт без дечурлана) и низ цел свет го навлекува гневот те на власти, те на душебрижници. Ова посебно е истакнато во Индија.

Како од Фејсбук и Гугл да украдеш 122 милиони долари а да не те фатат?

За она второто, одма да признаеме, не знаеме. За првото дознавме од случајот со еден Литванец. Праќај им сметки (за било што) и тие си плаќаат.

27% од сопствениците на кучиња не треба да чуваат кучиња

Нешто ситно под една третина од сите луѓе што имаат куче своето домашно милениче го држат на исклучиво веганска исхрана, покажува канадска студија.

Пиво, вино, глифосат

Глифосат е нешто за кое СЗО вика, баталете тоа, могуче да прави рак. А во развиени земји се користи толку масовно, што и да не го користите, ќе ви дојде преку дождот.

Човек на човека е веган

Инстаграм селебрити веганка (звањето сигурно одлично го личи на визит карта) со над 1 милион и 300 илјади следбеници е фатена на видео како јаде риба. Реакцијата од следбеници е отприлика како девојкава на видеото да го јаде сопственото дете.

Атеизмот е неспоив со научниот метод

Гледано од научна перспектива, без да се задира во другата страна, атеизмот е декларација, која нема никаква врска со научниот метод, барем така тврди теоретскиот физичар од Дартмут колеџот, Марсело Глејзер, кој 35 години е во оваа професија.

Во свет на нови патики, ти биди Гучи носени патики од 870 долари

За да не треба да го пребродувате трауматичниот период на транзиција на вашите нови патики во не нови патики, Гучи од старт одлучи да продава патики кои изгледаат како да имаат километража.

Анти-ваксерска карма

Висок италијански функционер на владејачката Лига со години корне од пропагирање против задолжителното вакцинирање против сипаници, а минатата влада ја нарекуваше „сталинистичка“ затоа што терала задолжително вакцинирање. Што мислите од која болест моментално е заразен?

Гулаб продаден за 1,25 милиони евра

Зошто? Бил брз. За каде тоа гулаб треба толку да брза за да го платиш 1,25 милиони евра е друга приказна.

Американците банкротираат од што се разболеле

60% од личните пријави за банкрот во САД се должат на неможност да се платат добиени здравствени услуги. Човек некогаш ќе куртули и од рак, или барем ќе добие време во таа борба, само што тоа време ќе го минува снаоѓајќи се како да ги плати трошоците за лекувањето.

Се бара мораториум за дизајнирање бебиња

Водечки светски научнуици и етичари побараа да се воведе мораториум за генетско едитирање на човековиот ДНК, барем додека не се воспостават меѓународни стандарди за оваа технологија и не се одговори на бројните прашања и дилеми поврзани со оваа контроверзна тематика.

Прочистувачи на воздух, меѓу „треба“ и „сите имаат“

Индустријата која во 2017-та во САД вреди 2,6 милијарди долари, до 2023 се очекува да порасне на 3,9 милијарди долари, и тоа не значи дека прочистувачите на воздух функционираат, ниту пак дека не функционираат.

Што па јапонски пензионери се толку среќни?

Очигледниот заклучок е: затоа што успеваат да доживеат 100 години. Ама и тоа не е тек така.

Заборавањето бара повеќе напор отколку памтењето

Конкретната категорија е: работи кои намерно сакаш да ги заборавиш, и излегува дека за нив мозокот повеќе се напнува отколку за работи што сакаш да ги запаметиш, ама не смее да се претера.

Селфито како алатка за природна селекција

Жена е повредена во напад од јагуар. Во зоолошка сред САД. Откако таа прескокнува една од оградите на неговиот кафез. За да направи селфи.

Подобра храна, клима и плата, германска понуда до полските медицински сестри

Надевајќи се дека ќе прибере што може повеќе од медицинските сестри што ќе ја напуштат Британија заради брегзит, Германија почна со кампањи за нивно привлекување.

Животот пишува стереотипи

Во приватна клиника сред Париз почина 65-годишниот милијардер трговец со дијаманти Ехуд Ланиадо. Причина за смртта е срцев удар, причина за неговото присуство во клиниката Ланиадо би сакал да се проблеми со срцето.

Сите за пост се откажуваат од храна, никој никогаш не се откажува од порно

Иако Велигденскиот пост (а и другите) е многу подлабок и потежок обред од „а растителен кашкавал смеам да јадам? А какао ама чисто?“ сепак целиот испоснички колектив главно пази само на дијапазонот на храна. А не е проблемот дали се важи или не се важи.

Германија, мрза меѓу работливите

Во 2018 германските работници откуцале 61 милијарда работни часови, што е најмногу од обединувањето до денес, и пак се под просекот на ОЕЦД.

Евтината облека скапо ја чини планетава

Брзиот живот и шопинг зависностите го имаат скратено просечниот живот на едно парче облека на само две години. Така, вишокот облека создава повеќе CO2 од сите авиони и бродови заедно.

Слушањето музика (на работа) значително ѝ наштетува на креативноста

Многу ни е жал што ќе мора да ви расипеме мерак ама филмската сцена со вработен кој се концентрира со слушалки на уши и растура од работа е идентично веројатна колку која било филмска сцена од Авенџерс.