Сексуална работничка од Невада и нејзините верни соборки, на заинтересираните ентузијасти за НЛО и вонземјани им нудат незаборавни вонземски искуства. Алис Литл е лиценцирана проститутка и нуди 50% попуст на услугите за време на закажаниот граѓански упад во мистериозната Ареа 51, област која е забранета за влегување и за која со децении постојат гласини дека е место во кое американската влада чува вонземјани и други докази за постоење живот надвор од нашата планета.
„Во повеќе од три години како се занимавам со легална проституција, немам видено ваков туристички интерес за истражување на уникатноста на Невада. Ние имаме вонземјани, имаме топ-сикрет воени бази, најдобар коцкарски ноќен живот, најдобра забава и последно но не и неважно - легална проституција,“ вели Литл.
Таа го има претворено својот луксузен бордел во тематско место за уживање со работен наслов „Ареа 69“. Таа и нејзините колешки нудат „блиски средби од трет вид“ како што е киднапирање од Вонземјани, истражни дејствија од Вонземјани и авантури со замислено забременување на Вонземјанки...
Планираат септември да го завршат со приход од 600.000 долари.