Чедаргејт

Угледен француски готвач ги тужи Мишелин бидејќи смета дека неправедно му е одземена една ѕвезда. Тврди дека му се паднал недоветен рецензент на неговата храна кој помислил дека користи англиски кашкавал за француски специјалитет. А нема врска.

Марк Вејрат го води престижниот ресторан „Куќа на дрво“ (La Maison des Bois) на Савојските Алпи и непријатно бил изненаден кога видел дека во во последното издание на водичот Мишелин, Света книга на префинетата храна, останал без една ѕвезда, од трите кои ги имал претходно и кои се максимумот кој Мишелин го доделува.

Мисли дека е неправедно осомничен дека користел чедар во неговото француско суфле, што би било богохулие бидејќи за таа делиција се користат исклучиво француски сирења (Reblochon, Beaufort, Tomme...).

Гревот оди на душа на човекот на Мишелин кој ја оценувал храната и кој помислил дека во суфлето има чедар, само затоа што Вејрат во него додава шафран па тоа добива жолта боја.

Неговото професионално его е до толку повеќе рането што се работи за човек кој е суштински поврзан со тн ботаничко кулинарство, односно користење исклучиво локални производи, во неговиот случај од Савојските Алпи.

„Ова е полошо од рана. Длабоко сум навреден. Екипата ми се расплака а јас паднав во депресија. За мене, ова е непоправлива штета“, драми 69 годишниот Вејрат.

Тој претходно има добиено три Мишелин ѕвезди за други два ресторана.

 

25 септември 2019 - 12:46