Судските документи, до таму е стигната целата работа, покажуваат дека парот се венча во САД во 2014, па се враќа во Јапонија, а кратко по тоа една од нив изразува желба да има дете.
Жената што го сака детето е и вештачки оплодена откако наоѓа донатор на една од социјалните мрежи.
Таа затруднува, врската тера, меѓутоа целата работа се распаѓа во 2017, кога се дознава дека истата девојка што сакала да затрудни, паралелно фатила и да тера афера со донаторот на сперма.
Двете се разделуваат, а трудната го раѓа детето.
Иако сето ова е доволно, зошто тука да заврши целата работа? Во последниот чин на сторијата, донаторот решава да смени пол и сега е правно е признаен како жена.
Инаку некогашниот пар е на суд затоа што поранешната партнерка си ги бара назад парите што ги дала за купување на куќа за да живее со тогашната девојка, и парите што ги платила за нејзиното вештачко оплодување. Таа бара отштета од околу 60.000 долари, а судот за сега и додели околу 10.