Поентата е дека до сега премногу ригорозно се алармирало за штетноста што месото ја има по човековото здравје. Исто така треба да си има предвид дека за некој месец ќе излезе нова студија која на големо ќе сака да ја поништи оваа, ослободителната (веќе голем број луѓе, образовани и не, се превозбудија околу новите заклучоци).
Чекајќи ја следната серва во научниот пинг-понг, што веќе го имаме видено на пример на тема штетност на мобилни телефони, за сега позицијата е следна: намалувањето на колбаси, мелено месо, бифтеци и други форми на црвено или обработено месо, за најголемиот дел од луѓето е губење време.
Канадската студија заклучува дека ако 1.000 луѓе скратат 3 порции црвено или обработено месо неделно:
- До крајот на животот ќе има седум смртни случаи од рак помалку.
- За 11 години ќе има 4 смртни случаи од срцево заболување помалку.
А ако секоја недела во рок од 11 години, 1000 луѓе намалат три порции:
- Црвено месо, ќе има 6 случаи на дијабетес 2 помалку.
- Обработено месо, ќе има 12 случаи на дијабетес 2 помалку.
Канадската студија ги дава истите бројки како и до сега што беа, меѓутоа нивната интерпретација е радикално поинаква, и помалку страшна, отколку кога ќе напишеш - Месо предизвикува рак. Нивната поента, е: да, ама колку?