Без разлика како изгледа математиката, праксата е дека електронската цигара, заради лагодноста за користење знае да испорача далеку повеќе никотин од регуларна цигара (пример можеш да дрмнеш само дим-два, а не мора цела од еднаш, што пак после се развива во навика постојано да земаш по неколку дима).
Како што за ЕнБиСи њуз објаснува 21-годишен „зависник“ од Џул (е-цигара) „таа само ја влоши мојата зависност од никотин, кога немаше да земам повеќе од 2 часа, станував многу нервозен.“
Инаку во еден шаржер за Џул има за околу 200 пафкања, кои содржат исто никотин како и кутија цигари. Дечкото од вестите објаснува дека такво едно, во стресни денови, знаел да го истроши за 3 часа.
Освен повратниците, и оние на кои е-цигарите им се првото никотинско искуство се зафаќаат за тутун „со цел да го намалат никотинот што го внесуваат, а со тоа и да се откажат од е-цигарите“, исто како што на почеток пред неколку години пушачите почнаа да користат е-цигари за да се откажат од пушење.