Сторијата на Холивуд репортер за 7-члениот бенд, има и други спектакуларни бројки:
- БТС има три број 1 албуми на Билборд 200 листата за помалку од една година. Ова е прв бенд на кој тоа му успева по Битлси.
- Во првите шест месеци од објавувањето „Map of the Soul: Persona“ продава 3,5 милиони примероци низ светот.
- Во април, спотот за „Boy With Luv“ го соборува Јутјуб рекордот кога надминува 100 милиони прегледи за помалку од 48 часа, а БТС е првиот азиски бенд што ја надминува границата од 5 милијарди преслушувања на Спотифај.
- Продажбата на производи со логото БТС достигна 130 милиони долари.
- Корејска студија проценува дека 83% од фановите на БТС се жени, а 45% се на возраст меѓу 10 и 30 години.
Од првите 6 стадионски концерти во САД, БТС заработува 44 милиони долари, за продадени речиси 300.000 карти + нивни производи.
На Спотифај бендот има 11 милиони слушатели месечно, а еден член на бендот од пред 6 дена има своја песна на Јутјуб, која до сега собра 55 милиони прегледи.