Леонард Коен постхумно нè поздравува со албум

Синот на Леонард Коен реши дека вреди да се доработат и објават песните кои татко му ги пишувал кон крајот на својот живот. Леонард Коен зад себе остави 14 албуми додека беше жив, ова е неговиот прв кога е од другата страна на шанкот. Се вика „Thanks for the Dance.“

Леонард и Адам соработуваа на последниот албум на постариот, You Want It Darker, од 2016 година. Од тој период останале парчиња кои не биле објавени но вредело да се извадат, аранжмански и музички средат какви што би ги сакал Леонард.

Си импресивна листа на соработници, меѓу кои Бек, Аркед фајр и други, симфониски оркестар и неколку хора, Адам верува дека успеал да го рекреира звукот кој на татко му би му се допаднал.

Од албумот кој ќе има 9 песни и ќе биде објавен на 22 ноември, досега е пуштено само едно кратко парче со сугестивниот, сонорен глас на Леонард Коен и текст кој како да е пишуван од гроб.


I sit in my chair
I look at the street
The neighbor returns my smile of defeat
I move with the leaves
I shine with the chrome
I'm almost alive
I'm almost at home

21 септември 2019 - 12:26