Пример за ова е индустријата за производство на пластика кој низ годините успева сопствената одговорност за загадувањето од нивните производи за една употреба, целосно да ја ребрендира во невнимателност на поединецот.
Во исто време, истата оваа индустрија (низ САД) активно лобира во секоја сојузна држава да не им дозволува на градовите да го ограничат користењето на најлонски кеси, дури и кога тоа е на финансиска (меѓу останатата) штета на самите градови.
Моментално индустријата за пластика вреди 4.000 милијарди долари, а речиси половина од производството е пластика за една употреба.
„Преку рекламирање, кампањи за јавноста, лобирање и партнерства со непрофитни организации со цел да изгледа ’позелена’, организациите на индустријата за пластика успеаа вината да ја префрлат на луѓето кои не пазат каде ги фрлаат нивните производи по употреба и да го промовираат рециклирањето како решение, додека во исто време остро се спротивставуваат на секој сериозен обид за ограничување на обемот на производство на пластика,“ објаснува Шерон Лернер во Интерсепт.