Службите кои го организирале проектот за урбанизирање на село близу градот Лишуи го пријавиле семејството Пан на полицијата врз основа на „прекумерен број свадби и разводи“ низ кои тие минале во тек на само две недели. Ова е правено за при секое склучување брак да може да се добие новоизграден стан во спомнатата област, од 40 квадрати.
Целата работа почнала во март, кога првиот од семејството Пан се развел од својата сорпуга и се оженил со снаата. Потоа се развел и со неа, и се зел со друга снаа. Во меѓувреме вакви комбинации правеле и други членови на семејството, веројатно следејќи добро разработен алгоритам, за некој да не се земе два пати со истиот човек, или со некого кој веќе е во брак. Сега четворица од нив се во притвор, а седуммина други се пуштени да се бранат од слобода.
Ваквото користење на дупки во законот не е необично ако се знае дека во Кина цените на недвижнини се толку високи што дури и најскромни станови може да вредат над милион јуани (1 милион јуани = 123.000 евра). За да го „оладат“ пазарот на недвижнини голем број градови низ земјата го ограничуваат бројот на станови кои може да ги поседува едно семејство на два, и воведуваат мали привилегии за оние кои се уште немаат имот. Но и во овие правила има „дупки“ кои очигледно некој знае да ги искористи. Дур не го фатат.