Станува збор за шума која е потопена во 1965 како дел од изградбата на браната на езерото Волта во Гана. Предлогот доаѓа од ганската компанија која има лиценца за сеча на подводната шума, според која ваквиот потег би бил далеку поеколошки околу сечење нови дрвја.
Аргументот на Кете Крачи Тимбер Рековери е дека дрвото од езерото е далеку посилно, бидејќи е зачувано од распад благодарејќи на речиси мочурестите услови во езерото, и дека веќе почнало да се фосилизира.
Иако никој не го спори делот со издржливоста на дрвото, критиката и во овој случај паѓа на проблеми за животната средина, и дека сечењето на езерските дрвја ќе има катастрофални последици за тамошниот еко-систем.
За првичната изградба на Нотр дам, во 12-от век, се соборени околу 1.300 дрвја главно даб, а со сечата било соголено пространство од 21 хектар. Според луѓето упатени во шумскиот фонд на Франција, земјата повеќе нема џиновски дабови дрва со потребната големина, ниту со потребната старост за да можат да ја повторат оригиналната структура.
За разлика од нив, Ганците тврдат дека дрвото што го имаат во езерото е слично на дабот, (со густина меѓу 650 и 900 кг на кубен метар), и може да се искористи за реконструкцијата. Што се однесува на еко-загриженоста, компанијата и онака долго време активно извезува од потопените дрвја во Европа, Азија и Блискиот Исток.
Доколку им успее зделката тие очекуваат на француската влада да и продадат околу 50 милиони долари во дрва.
Цврстината на овие дрвја се должи недостатокот на кислород, а киселестите услови во водата го заштитуваат трупот од распаѓање.