FlightRadar24 деновиве следеше интересна „трка“ на авиони кога, сосема случајно, два патнички авиона се упатија кон истата дестинација речиси истовремено, но по различни рути. Од Хелсинки до Токио. Едниот имал одбрано траекторија која била 457 километри подолга од оној другиот. Сепак, стигнал саат време порано.