Кевин Котоко, навивач за Ливерпул од Флорида, не се помислил ни секунда кога бил избран за експериментот на телевизијата Фокс. Веднаш дал отказ од работата како келнер во ресторан.
Во аквариумот ќе помине шест недели заедно со Остин Френклин, инфлуенсер од Филаделфија. Опкружувањето е незгодно. Тајмс сквер постојано е преполн со луѓе. Многумина минувачи, без оглед дали се заинтересирани за фудбал се загледуваат во стаклената коцка.
Понекогаш се чувствувам како да сум во Шоуто на Труман. Ако се загледам во натпреварот заборавам каде сме и одеднаш чувствувам дека не гледаат 30 луѓе. Тоа е чудно искуство, вели Френклин.
Котоко вели дека двајцата се трудат да се придржуваат до работните обврски – да балансираат помеѓу следењето на натпреварите и интеракцијата со минувачите. Им објаснуваат што прават. Најчестото прашање било: „Каде одите во тоалет?“.

Одговорот е дека се снаоѓаат во паузата помеѓу двете полувремиња.
Престојуваат во луксузен хотел во близина, кој во коцката секој ден им сервира храна инспирирана од националната кујна на секоја нација што учествува на Светското првенство.
Проширениот формат на мундијалот со 48 репрезентации значи дека искуството на Котоко и Френклин ќе биде маратон. Во следните три недели ќе има по четири натпревари секој ден, на секои три часа.
Се обидуваме да ја одржиме енергијата. Мислам, седиме на кауч и гледаме фудбал. Доста е забавно, вели Френклин.
За шансите на домаќинот на првенството велат дека САД имаат „златна генерација“ и очекуваат да стигне барем до четвртфиналето. Коноко навива и за Гана, каде што е роден.
Оваа мисија е посветена на навивачите, да се приближат до акцијата каде и да се. Од коцката па до социјалните мрежи низ целата земја, Остин и Кевин ќе помогнат да се поврзат милиони луѓе низ секој незаборавен момент од овој историски турнир, изјави Брајан Борковски, директор за маркетинг во Фокс.