Никој нејќе син да крсти Доналд

Да се крсти машко бебе Доналд не е многу популарно во моментов. Новите податоци од Администрацијата за социјални услуги покажуваат дека името го достигнало најниското ниво на популарност во историјата на САД. „Доналд“ денес се наоѓа на 690-тото место по популарност на машки имиња. Ама па може кај тие што чуваат магариња е поинаку.

Ова име било најпопуларно во 1934 година, кога повеќе од 30.400 американски бебиња биле така крстени и останало во топ 100 до 1990 година.

Како почнува подемот на Доналд Трамп во јавниот живот после 1990-та година, така неговото име почнува да станува помалку популарно. Во 2004 година, кога првпат започна емисијата „The Apprentice“, водена од него, името беше на 263-то место на листата. Во 2013 година, кога World Wrestling Entertainment го вклучи Трамп во Куќата на славните, името падна на 415-то место на листата. Првиот пат кога Трамп стана претседател во 2016 година, името падна на 489 место на листата. Дури и во државите кои важат за упоришта на Трамп како што е  Флорида, само 21 бебе го добило името Доналд во 2017 година, во втората година од неговото претседателствување.

По започнувањето војна против Иран, рејтингот на Трамп е урнисан на само 30%. Освен војната, незадоволните од него најмногу се жалат на економската ситуација.

27 јуни 2026 - 10:33