Инцидентите во Rocky Mountain Laboratories биле доволно сериозни за да се крене општа тревога. Но, вообичаено остануваат во тајност и јавноста ги дознава со задоцнување од месеци, и тоа ако ги откријат новинари од локалните медиуми или ако биде покренато федерално обвинение, тврди анонимен вработен во лабораторијата.
Во прикривањето се вклучени и Националните институти за здравство (NIH), кои се одговорни за почитување на строгите протоколи за да се заштитат работниците и да се намали ризикот за јавното здравје.
Вирологот на NIH, Винсент Манстер, се соочил со истрага на ФБИ откако бил фатен како пренесува смртоносни вируси од Африка во неговата матична лабораторија. Тој е обвинет за лажење пред федерални службеници врз основа на тврдењето дека ја имал потребната документација, но отворена е истрага за неговата изјава што ја дал при сослушувањето: „Го правам ова постојано“.
Синџир на е-пошта што датира од 2011 година открива дека неколку вирусолози – Манстер, Хајнц Фелдман и Џон Епстајн од EcoHealth Alliance - дискутирале за логистика на испорака на примероци од вирусот од Африка до САД. Епстајн предложил дека Манстер може да носи примероци од вирусот во авион ако бидат ставени во специјална епрувета што ги одржува во живот.
Мислам дека можете да понесете до 2 килограми на комерцијални летови, напишал Епстајн.
Тоа говори дека вирусолозите повеќе биле загрижени како да ги спасат вирусите отколку за ризикот од евентуално протекување од епруветите.
Тие сакаат да ја завршат работата од највисоко безбедносно ниво без оглед на цената. Убедени се дека тоа е најважната работа на планетата, вели вработениот од RML.

Во ноември 2025 година истражувач на RML бил изложен на кримско-конгоанска хеморагична треска „преку случајно кршење на лична заштитна опрема“. За инцидентот се дозна четири месеци подоцна, кога го објави локален весник во Монтана.
Службеникот останал здрав, нема докази дека бил заразен и се вратил на работа, изјави портпарол на NIH.
Но, во мај се дозна дека работникот всушност бил каснат од заразен мајмун. Бил пренесен без никакви мерки за заштита до болница во кое немало одделение за карантин, како што налага протоколот за случаи од највисок ризик, а потоа бил префрлан во болници низ три сојузни држави.
Во RML се работи навистина квалитетно. Но, ова е шокантен пример: откриле проблеми, а сепак продолжиле со работа без никаков реален план, надевајќи се дека никој нема да се зарази. Едноставно е апсурдно, вели вработениот што ја обелодени информацијата.