Живот и забава

Градоначалникот и гатачката

Локална гатачка во еден француски град го убедила градоначалникот дека може да разговара со мртви, меѓу кои и неговиот татко. Градоначалникот се навлекол на тие сеанси па имал стотици муабети со мртви, понекогаш и со ангели. По некое време, сосема очекувано, ангелите почнале да го убедуваат градоначалникот да ѝ помогне на гатачката да ја реновира куќата.

80% Американци ја гледаат брзата храна како луксуз

Сте тркнале скоро до некоја бутка за фаст фуд? Големо мнозинство Американци денес на тоа гледаат како на екстравагантност. Половина од американските потрошувачи оценуваат дека брзата храна во последно време е скапа како да јадеш во пристоен ресторан а некои тврдат дека е и поскапа.

Зградата која имитира рид

Новиот стамбен проект во полскиот град Познан го привлекува вниманието со својата фасада која потполно е прекриена со дури 140.000 билки. Но, на комплексот Аура, тоа зеленото не е наменето само да изгледа фино нацртано на проектот (како кај нас), туку смислен е цел систем како зеленилото навистина да живее а позади него да биде пријатно.

Нема тестис без микропластика

Во сите човечки тестиси што биле анализирани во американска студија се откриени траги од микропластика, што научниците сметаат дека има врска со постојано опаѓачкиот број на сперматозоиди кај мажите.

Божјиот инфлуенсер станува светец

Поглаварот на римокатоличката црква го расчистува патот за канонизирање на прерано починатиот тинејџер од Лондон чија умешност во ширењето на католичката вера на интернет му го даде прекарот „Божји инфлуенсер.“ Тоа ќе биде првиот миленијалец (личност родена во почетокот на 1980-тите до крајот на 1990-тите) кој ќе биде прогласен за светец.

Светски бунт против туризмот

Ибица и Мајорка не сакаат веќе да бидат синоним за „sun, sex and sangria“туризам па на почетокот на мај воведоа драстични ограничувања на алкохолот и соодветни мрсни казни: 1.500 евра за пиење на улица. Не се сами, многу популарни места сфаќаат дека нивниот свет е подобар без ордите туристи, особено оние места кај кои обичниот народ не гледа никакво фајде од нив.

И орлите ја избегнуваат Украина

Украина била стандардно место за прелет и одмор на орли, сè до започнување на војната која ги принудила да ги сменат научените рути и да летаат по заобиколен пат. Само еден од орлите кои биле следени со ГПС се одважил да лета директно над линиите на фронтот, другите одбрале да летаат одоколу. Бидејќи новите рути се подолги, кога ќе стигнат, малку се папсани па не им е одма до парење.

Кој си фати коза, негова си е

Козите и луѓето долго време живеле хармонично на вулканскиот остров Аликуди покрај северниот брег на Сицилија но бројот на козите во последно време толку се зголемил а тие станале бељаџии, што градоначалникот дошол на идеја да ги ангажира жителите да ја припитомат ситуацијата. Не сакаат да ги убиваат па ќе пробаат со посвојување.

Џанаците да не лижат жаби

„Како и со поголемиот дел од она што може да го сретнете во националниот парк, ве молиме воздржете се да го лизнете. Ви благодариме“ своевремено објави Американската агенција за  национални паркови. Се работи за една речна жаба која во случај на опасност се брани со испуштање отров преку кожата. Ама истовремено тоа е и најсилниот психоделик на светот, па, нагрнале заинтересирани.     

Њујорк има 350 илјади милионери

Њујорк е град во кој живеат најмногу милионери на светот. САД имаат 11 свои во глобалните топ 50-те, но, Кинезите брзо стигнуваат. Постојат градови во Кина чија милионерска популација има пораснато за преку 140% во изминатите десет години. Лондон и натаму паѓа а Москва е издишана и таму бројот на милионери е намален за една четвртина. 

Имате ли некој од најчесто користените пинови?

Во извештајот “Information is Beautiful” темелен на 3,4 милијарда ПИН-ови, се наведуваат најчесто користените комбинации на бројки. Некои од нив толку често се користат што глупо е прво нив да не ги пробате ако сакате да отворите нечиј мобилен или да пробиете картичка. На пример, „1234“ го користат дури 11% од луѓето.

Стар педофил цицал палец за да извади гз

Осуден сексуален престапник кој се појавил на судско рочиште облечен во бизарна инфантилна облека, барал да му се обраќаат како на девојче тврдејќи дека ментално е на ниво на дете од седум години. За да биде поуверлив во тоа, во судницата си цицал палец. Судијата сето тоа го дозволил. Денес и тие мора да се пазат од таквите и нивните бучни застапници.

Добитникот на 1,3 милијарди долари на лото, заврши на суд со домашните

Мажот од Мејн кој освои еден од најголемите џекпоти во историјата на САД, заврши на суд со најблиското семејство кое го обвинува дека се шконтарел и не им ги дал парите кои ветил дека ќе им ги даде.

Ова е влада

Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.   

Лисиците ги засакаа еколошките кабли

Во настојување да се замени омразената нафта од која се добиваат секакви производи, меѓу другото и изолациони материјали, во автомобилите во последно време се ставаат еколошки прифатливи изолации на кабли, најчесто на база на соја и кикирики. Англиските лисици си рекле, ние глупи ли сме гладни да остануваме на толку вкусни грицки наоколу?

Астразенека ја повлекува вакцината против ковид-19 од цел свет

Целата залиха на вакцината од британскиот производител ќе се враќа назад во магацин и ова нема никаква врска со неодамнешното признание на Астразенека дека има сериозни нус-појави од вакцината, туку едноставно пазарот бил презаситен од понови вакцини кои покриваат и нови варијанти од вирусот.

Бетовен: Убило ме вино евтино

200 години откако Лудвиг Ван Бетовен падна на смртна постела и на неа пиеше вино со лажица, истражувачите веруваат дека го имаат последниот збор за да ја објаснат неговата абдоминална болка, надуеност, дијареа и губење на слухот: труење со олово. Велат дека такви концентрации на  олово немаат видено. Џабе пиел тон лекови кога се труел со евтино вино, убеден дека му годи. А пиел и до 75 лека.

Дизни се изнагуби пари од филмовите во 2023

Меѓу топ 5-те филмови што направиле најголема загуба во 2023, филмското студио на Дизни, кое изминативе години газеше на сите листи по профитабилност благодарејќи на Марвел франшизата, има четири.

Републиканци ја забранија Библијата?

Во републикански доминираниот Претставничкиот дом на Конгресот со 319 гласови за и 91 против помина Законот за свесност за антисемитизам, кој би можел да ја направи Библијата нелегална во САД.

Астразенека има нешто да признае околу вакцината на Астразенека

За прв пат и чисто заради тужба дека нејзината вакцина против ковид предизвикала смрт и сериозни повреди во десетици случаи, Астразенека во судски документи признава дека вакцината предизвикала ретки нус-појави.

Белорусија го забрани Дојче веле како екстремистичко

Белорусија ја забрани „екстремистичката“ германска телевизиска информативна мрежа Дојче веле а министерството за внатрешни работи соопшти дека локалната ДВ Белорусија била вклучена во „екстремистички активности“. Секоја понатамошна соработка со нив може да биде оценета како кривично дело а давањето информации на редакцијата носи ризик од повеќегодишен затвор.

Прилегнете си за викенд, убаво ќе ви дојде

Луѓето кои за викенд спијат подолго за да надоместат за изгубениот сон во текот на неделата е значително помалку веројатно да покажат симптоми на депресија, со тоа што и ова „подолго“ си има граници.

Чепкајте по двор и пуштете чекор за да ви биде подобро

Прегледувајќи податоци од над четири милиони лица, научници заклучуваат дека градинарство и останата умерена физичка активност го намалуваат ризикот од депресија за 23%, анксиозност за 26% и шизофренија за 27%.

Не свирете ги овие песни во продавница за гитари

Доаѓа дечко во продавница за инструменти, се интересира за гитара. Не е тој почетник, има навежбано една јака. Одбира гитара и со која песна ја пробува? Нормално, со Старвеј ту хевн. За да не се осипаат по кожа, вработените едно време почнаа да пишуваат дека таа песна е забранета за свирење во дуќанот. Имаме нов шампион во жанрот „забранети рифови.“