Живот и забава

Иднината на пакувањето

Од лекови кои "зреат" со текот на времето, до пикавци што ќе помогнат за раззеленување на светот, дизајнерите од Ideo се потрудија да ви расипат се што некогаш сте замислувале околу пакувањето.

Со несоленото се претера

Заедно со шеќерот и белото брашно, солта е еден од трите бели убијци од кои има уплав западниот човек опседнат со своето здрaвје. Сериозно истражување на авторитетни експерти од САД покажало дека главниот ефект кој се постигнува со избегнувањето на солта е тоа што - јадењето е блуткаво.

Извонредниот свештеник што никогаш нема да стане Папа

Човекот е комуниста, се залага за правата на хомосексуалците, пуши марихуана, и покрај титулата, себе си се нарекува "свештеникот од тротоарот," Дон Андреа Гало.

Вело: Втора брзина

Благодарејќи на технолошкиот напредок, дизајнерите на велосипеди сега можат да користат материјали како дрво, бамбус, карбон-фајбер, па дури и картон, во создавањето на досега невидени форми. Некој напишал и книга за ова и во неа ги одбрал најубавите.

Слабите нема кој да ги жали

Во Англија расте бројот на деца кои немаат доволно тежина. Но, ретко кој обрнува внимание на нив бидејќи во мода е да се паничи околу дебелите.

Митот за мултитаскингот

За тие што мислат дека се добри во мултитаскинг, читајте ова: истражувањата се речиси едногласни, што е ретко во социјалните науки, и тие велат дека луѓето кои хронично практикуваат на мултитаскинг во основа се ужасни во секакви видови на когнитивни задачи, вклучувајќи го и мултитаскингот.

Нова формула за кучешката старост

Обично се смета дека староста на кучето се пресметува со обично множење на годините кои ги има со 7. Но, вистинската равенка била многу посложена.

Неподносливата гнасотија на дишењето

Загадувањето од сообраќајот им штети на децата на начини што никогаш не сме ни можеле да ги замислиме.

Узми цевку и работи

Следнава вест владиката Петар би ја проследил со коментар: "Жените или ќе го стегнат светов или ќе го доотшрафат"

Кога лажењето е искрено

Постојат лаги, големи лаги и конфабулации.

За туѓи бели скечеви

Маркс веројатно не можеше да претпостави дека класната борба најсериозно ќе ја сфатат оние кои заработуваат од тоа со луѓето да тераат мајтап.

Големиот црн пазар на украдена храна

Минатата недела од магацин бил украден сок во вредност од над 150 илјади долари, што во амбалажа изнесува (точно) 15.303 шишиња.

Како муслиманите гледаат на правата за жените

Анкета на муслиманите низ целиот свет, проверува какви се нивните ставови за повеќе работи, меѓу кои и за местото на жената во општеството. На крај, ставовите во најголем дел се дефинирани од тоа каде (географски) се наоѓаат.

Како ЦИА го стокми Zero Dark Thirty

Без разлика како мислите дека ЦИА изгледа во Zero Dark Thirty, впечатокот веројатно би бил далеку полош ако агенцијата директно не се вмешала во правењето на филмот.

Градовите се иднината на човековата еволуција

Пред 7.000 години луѓето почнуваат да живеат во урбани населби. Како што еволуирале луѓето низ милениумите, така еволуирале и градовите. Ова не е завршено, градовите ќе продолжат да еволуираат, само наместо кулите од стакло и челик, поверојатно е дека тие ќе наликуваат Мачу Пикчу.

Колку помалку букви во името, толку повеќе цифри во платата

Американците пресметале дека секоја дополнителна буква во името, ја намалува годишната плата на човекот за 3.600 долари.

Антибиотик против женска фаталност

Женската убавина знае да ја замати машката памет до степен да донесува сосема неразумни одлуки. За среќа, тука се антибиотиците.

Сабџект: Чуму сето ова?

Ако сакате да добиете одговор на некој ваш меил, погрижете се писмото да ви биде тажно и песимистичко.

Стонси фаќаат мувла

За прв пат во последните 180 години, влезниците за концерт на Ролинг Стоунс беа достапни на благајна до пред самиот почеток на свирката. Не е дека Стонси веќе не ги бива, туку картите чинат по 600 долари.

Енглези се прават Македонци

Не дека сакаме дополнително да го комплицираме нашиот национален идентитет, ама има нешто англиско во нас: дали било претопло или престудено, пресуво или превлажно, и Македонците и Англичаните обожаваат да кукаат за времето.

Како знаеш дека претерале со социјални медиуми

Затоа што последните 5-6 години покажа дека социјалните медиуми и алкохолот се одлична комбинација, Бадвајзер изработи чаша за пиво која автоматски те поврзува на Фејсбук.

Најдобрата свирка на која не сме биле

Од брендот, стадионските концерти и мегатурнеите, кај Ролинг Стоунс сè е големо со гигантски размери. Освен кога ќе решат да се загреат на клубска сцена и пред само пар стотина луѓе да ги спраштат своите најдобри песни. Е па, синоќа, во Л.А.

Сите црвенокоси се со педигре

Секој жив човек на планетава кој има црвена коса е директен потомок на првиот човек со таква боја на коса. Најмногу наследници на нултиот црвенокос човек има во Велика Британија.

Националното богатство - багетот

Со сериозност на Нобелов комитет, жирито на Најдобар багет на Париз седна ги мирисаше, ги мереше, ги проба и на крај го одбра најдоброто француско лепче во земјата.