Речиси секој можен пар очила за сонце што ги имате видено: Шанел, Бурбери, Армани, Булгари, Миу Миу, Ралф Лорен, Версачe, Тифани, Прада и еден куп други ги произведува една единствена компанија во светот, а таа е италијанската Луксотика.
Освен ова, на почетокот од 2000-те кога Реј-Бан заради лошо менаџирање е доведен до банкрот, Италијанците одлучуваат да го купат. Првата година по купувањето, тие престануваат со комплетната продажба на очила од овој бренд. Денес Реј-Бан е најпродаваниот бренд на очила во светот.
Кога кон средината на 2000-те Луксотика влегува во битка со Оукли, комплетниот бизнис на американскиот бренд полека почнува да пропаѓа. Сега Луксотика го поседува и Оукли, кој е вториот најпродаван бренд за очила во светот.
Освен ова, Луксотика ги поседува неколкуте најголеми синџири за продажба на очила во САД, а ги има и едни од најголемите компании во САД за грижа за очи (за одредување диоптер, давање рецепти и сл...)
Луксотика е основана во гратчето Агордо во италијанските Алпи во 1961-ва, кое на пописот во 2007-ма имаше 4.257 жители. Денес Луксотика вработува 65.611 луѓе.