Во царството на музичките сетила

Отворена е приватната колекција плочи на британскиот Драган Б (со точка) Костиќ и организаторите на идејата се одушевени од реакциите. А кој не би сакал да буричка по домашните 25.000 илјади винили на легенда како Џон Пил?

Џон Роберт Паркер Рејвенскрофт, попознат како Џон Пил е икона на британската музичка сцена. Скоро 4 децении суверено владее како диџеј, радио водител, музички продуцент и новинар. Пил е најдолготрајниот Ди Џеј на Би Би Си 1, со редовна емисија од 1967-ма до 2004-та година, кога почина од инфаркт.

Неговото семејство реши да ја отвори за јавноста неговата импозантна домашна музичка колекција, составена од 25.000 лонглплејки, 40.000 синглови и  "нешто" ЦД-а. Засега се качени само 10 посто од материјалот но архивата постојано ќе се гради.

Ова го пишуваме само за да ве однесеме таму.

7 август 2013 - 15:12