Напалени од тоа како Ентони Бордејн си проаѓа по кафеаните низ светот, се повеќе луѓе сакаат кога одат на одмор (или во странство) да има некој што и нив ќе ги тинтра и ќе ги шета низ скриените локали кои го нудат најдобриот оброк во градот.
"Ваквото размислување го објаснува растот, во изминатите неколку години, на нов вид на експерти за патувања - толку нов што се уште нема име за оваа професија. За сега, ајде да ги викаме Шерпаси за храна," пишува Џеф Гординер од Њујорк Тајмс.
Работата е прилично едноставна - на група луѓе и покажуваше каде и што да јадат, а за тоа си платен од 75 до 100 долари од човек за тура која трае 3 до 4 часа. (Цените и времето се за турите низ Њујорк / Лос Анџелес и сл.)
Гординер објаснува дека ова значи две работи: прво, луѓето кога ќе дојдат во некој град не сакаат да седнат и да јадат во најексклузивниот ресторан или кај најпознатиот готвач, туку сакаат да јадат онаму каде што оди обичниот народ. И второ, без разлика колку се унапредени веб сервисите за препорака и оценување на ресторани сепак тие не секогаш ќе те одведат онаму кај што си замислил, а и да го направат тоа, нема да ти кажат што треба да јадеш.
Тука на сцена доаѓаат "Шерпасите," кои не само што ќе те рашетаат по рестораните низ градот, туку и ќе ти кажат што се нарачува таму (бесплатно од нас: за последен пат, во Чамо НЕМА пилешко).
Самиот Гординер признава дека во целата работа постои опасност да ти се падне некој шарлатан или аматер, кој нема комплетно да ја разбере твојата желба и намера.