Вила Белисима VI, Тоскана
19.750 долари од вечер
300 години старата вила е сместена на ридиштата на половина пат меѓу Фиренца и Рим. Иако неодамна реставрирана, најголем дел од објектите се оставени недопрени за да не се изгуби шмекот на оригиналниот сопственик, едно моќно семејство од Сиена. Вилата има 22 апартмани во главната куќа и 4 помошни куќи. Гостите на располагање имаат класична трпезарија за вечерање и тераса за вечерање надвор, големо пијано во дневната соба, кино, библиотека, бар, винска соба, професионална кујна и уреден двор со најразлични клупи, куќички и места за одмарање. Комплексот има и базен за пливање, вежбална, спа и игралишта за тенис и кошарка.
Хју Хефнер Скај Вила, Палм Казино, Лас Вегас
40.000 долари од вечер
Апартманот на два ката со вкупна површина од 840 метри квадратни, има 3 спални соби, ротирачки кревет од 2,5 метри, тераса со надворешен базен, простор за сончање, спа, батлер, покер маса, приватен стаклен лифт, џакузи од 700.000 долари и најдобрата глетка на Вегас.
Nygard Cay, Бахами
47.000 долари од вечер
Приватниот остров има 10 спални соби, 2 базени, неколку тобогани, човечки аквариум, 5 џакузија, јахта од 26 метри, игралишта за тенис и одбојка, кино со 24 седишта, главна сала од 2.970 метри квадратни, 45 тони тежок стаклен кров, 2 Хамери (џипови) и 14 метри долг чамец за риболов. Меѓу претходните гости на островот се Опра Винфри, Шон Конери, Роберт ДеНиро и претседателот на САД, Џорџ Буш. За сите заинтересирани да го посетат островот, сопственикот има приватен Боинг 727 кој може да ве собере од каде било на светот.
Некер Ајланд, Британски девствени острови
52.000 долари од вечер
Островот на Ричард Брансон е со површина од 30 хектари (300.000 метри квадратни), има вработено персонал од 60 лица и сместување за до 28 гости. Сместувањето е во 6 "Бали куќи" и куќата Храм (која всушност е домот на Брансон). На островот ги има сите водени спортови што можете да ги замислите, скара на плажа, казино ноќи, отмени забави, пешачење и над 200 фламинга.
Кралскиот апартман во хотелот Претседателот Вилсон, Женева
81.000 долари
Кралскиот апартман е еден од најексклузивните и најскапите хотелски соби, има 1.670 метри квадратни и го зафаќа целиот 8-ми кат од хотелот. Составен од 12 спални соби, 12 бањи, трпезарија за 26 луѓе, приватен лифт, соба за билјард, библиотека, соба за чувар и директен пристап до хелидром. Речиси секоја соба има поглед на Женевското езеро или на алпите. Дури и некои од бањите.