Студијата на Универзитетот од Аризона, анализирала 137 поранешни брачни парови кои неодамна се развеле. Од нив 82,5% уште останале во контакт, а 21,9% имале повремени "средби."
Во основа, на луѓето кои се уште имале чувства за своите бивши интимните средби им ја олеснувале болката од разводот. Во исто време, кај партнерите кои го прифатиле разводот сексот со бившите не правел никаква разлика околу начинот на кој тие се справуваат со ситуацијата.
"Не би им предложила на луѓето да се затрчаат и да имаат секс со своите поранешни партнери. Продолжувањето на сексот со нив може да ве спречува во започнувањето на нова врска која може да биде здрава за вас," изјавила авторката на истражувањето Ешли Менсон.